Гласач со име Никола Груевски на Избирачкиот список во Унгарија

Унгарскиот веб портал 24.hu пренесе дека експремиерот Никола Груевски се стекнал со право да гласа на локалните избори во Унгарија в недела.

Тој се наоѓа на Избирачкиот список во петтиот дистрикт на главниот град на државата во која доби азил благодарение на премиерот Виктор Орбан, пренесува ЦИВИЛ.

„Гласач со име Никола Груевски е на Избирачкиот список. Името на гласачот, како и возраста, 49 години, се совпаѓаат со оние на поранешниот македонски премиер кој побегна од затворска казна во Унгарија, каде што му беше одобрен азил“ – се вели во текстот на 24.hu објавен пред неколку часа. Според изворите на порталот, овој нов гласач во Избирачкиот список има легитимација од Петтиот дистрикт, но без адреса.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e