Ѓорчев од Драч: Наша обврска е да помагаме, а Македонија е добар сосед

„Важно е да се помогне во Драч. Има загинати и повредени, а штетите се големи. Денес бев таму и помогнав колку што можев. Бев на конференција во Тирана со учесници од целиот Балкан, но ги видивме вестите. Слушнавме дека е потребна помош и отидовме во Драч. Растоваривме два камиони со вода, сокови, кутии со храна… Ако треба, ќе учествуваме во расчистувањето на урнатините“, напиша пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Влатко Ѓорчев.

„Тажна глетка, со човечки трагедии, но и многу луѓе кои сакаа да помогнат, многу добри дела, човечност. На Балканот мора повеќе да си помагаме. Скопје е град на солидарноста. Град изграден од пепелот на земјотресот. Наша обврска е да помагаме, а Македонија е добар сосед“, додава тој.

Ознаки: ,

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e