Герила акција „Заробена држава – никогаш повеќе“ изложена на улица „Македонија“

„Заробена држава – никогаш повеќе“ е насловот на новата герилска уметничка инсталација, која осамна утрово на пешачката улица „Македонија“, во центарот на Скопје.
zarobena drzavaНа оригинален начин, непознати активисти поставиле железна ќелија, во која се наоѓа големо пано со испишани потсетници поврзани со повеќе настани и случувања од периодот 2006-2017 и владеењето на Никола Груевски.
zarobena drzava1Судии и обвинители во тефтерче, затворени новинари и медиуми, нарачани лустрации за прогон на интелектуалци, проектот Скопје 2014, неколку пораки за местењето избори со притисок и фантомски гласачи, тепањето студенти по библиотеки, црниот понеделник 24 декември 2012, црниот четврток 27 април 2017, прислушувањето на над 20.000 граѓани… беа дел од причините за заробената држава испишани на паното.
zarobena drzava2Ова е најнова во серијата герилски акции, кои се сè поактуелни како начин за изразување на политички ставови поврзани со актуелната полтичка ситуација во земјава во предизборието.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e