Герила-акција за Иванов и за Канческа-Милевска на отворањето на „Браќа Манаки“

Активистите на „Битолското движење“ вечерва со герила-акција ги пречекаа претседателот на државата, Ѓорге Иванов, и министерката за култура, Елизабета Канческа-Милевска, на црвениот ќилим на отворањето на меѓународниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“ во Битола.

Герила-акцијата беше изведена во моментот кога Иванов заедно со министерката чекореше по црвениот ќилим, а активистите на „Битолското движење“ извадија три транспаренти.

На транспарентот за Иванов пишуваше „Хорхе = банално зло“, на вториот, кој ѝ беше наменет на министерката за култура, стоеше „Веома врло културно“, а на третиот со порака за двајцата беше напишано „Маските долу“.

Активистите довикуваа за да му го привлечат вниманието на Иванов и да ги прочита пораките наменети за него и за министерката за култура.

Претседателот помина на црвениот ќилим, се фотографираше, но влезе на гала-претставата без да даде изјава.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e