Поранешниот премиер Љубчо Георгиевски на својот ФБ профил изнесе скандалозно признание дека адвокатот Игнат Панчевски му доставил лаѓни докази, но и дека го уценувал со наводни негови компромитирачки материјали, за што му платил неколку десетици илјади евра . Георгиевски испровоциран од нови обвинувања на Панчевски дека затајувал докази заради што Тарчуловски бил неправедно осуден, одговори со податоци кои откриваат дека аферата што пред десетина години ја објави весникот Фокус,во време кога главен уредник беше Никола Малденов, всушност е негова конструкција.
Еве што напиша Георгиевски:
Па за да не остане некаква забуна еве да одговорам. Прво човекот наведе еден куп небулозни настани што воопшто не постојат и немам ништо друго да додадам освен се што има компромитирачко за мене нека го предаде на институците а може и јавно да го објави, а јас ќе се задражам на две работи.
Точно е дека во време на судењето во Хаг, Панчевски со еден негов партнер дојдоа да ми понудат докази како одредени Нато земји учествувале во борбата против Македонија. ЗА тоа јас им исплатив околу дваесет и пет илјади евра и не добив ништо. Некакви писма на лош англиски “божемни“ шифри и еден куп фалсификат документи.
Впрочем, истите тие може и денеска да ги објави. Ако не друго, од историски аспект за да ја расчистиме 2001.
Паралелно со тоа ми понудија докази за банкарски сметки на Бранко Црвенковски и Хари Костов. Јас им ги платив, а Фокус ги објави.
Веродостојноста ја заклучив врз основа на фактот што тие двајцата, Панчевски и неговиот партнер во истото време ми организираа средба со Верушевски за која ја имам веќе информирно јавноста.
Мислам дека за сега е доволно…“-пишува на својот ФБ профил поранешниот премиер Љубчо Георгиевски.
Целиот текст прочитајте го тука