ФРОДЕМ: Налудничавата политика на партиската врхушка на власт ги исфрли на површина сите слабости на системот

„Јавашлкот, егоистичната и налудничава политика на партиската врхушка на власт последнава година ги исфрли на површина сите слабости и нефункционалност на системот. Благодарение на филозофија на владеење дека сѐ мора да се контролира, односно колку понеспособни кадри на функција толку полесно владеење, манипулација и полн сопствен џеб, Македонја денес е на колена и на работ на опстанок.

Неспособните и клиентелистички партиски кадри по налог на оние кои ги поставиле на таа функција го урнисаа целокупниот систем на државава (уставен, политички, економски, социјален и безбедносен систем).

Одговорните лица во ЕЛЕМ го доведоа македонскиот електроенергетски систем во очајна состојба. Македонија не е во состојба да ги произведе неопходните потребни количини на електрична енергија. За интервентен увоз на електрична енергија за последниве петнаесеттина дена потрошени повеке од 4,2 милиони евра, пари кои ке бидат надокнадени од џебот на сѐ посиромашниот буџет на македонскиот граѓанин.

Истите тие неспособн партиски кадри не доведоа да живееме во најзагадениот град каде смртноста е на највисоко ниво.

Малку повеќе заврнат снег доведува до елементарна непогода и до застој на целиот сообракај. Поплавите во месец август однесоа повеке од 22 жртви и направија милионски штети благодарение на системските грешки, непрофесионализмот и негрижа на надлежните.

 Задолженоста на државата секојдневно е на сѐ повиско ниво. Ниту една институција не функционира како што треба. Се е во функција на партиската врхушка и намерен колапс на системот.

Што уште треба да дозволиме да се случи за да конечно ставиме крај на ова беззумие?

Крајно време е сите заеднички да ставиме крај на филозофијата ,,после нас потоп”. Време е на одговорност на сите кои не доведоа до оваа ситуација и крај на продукцијата, промоцијата и протежирањето на послушни и неспособни кадри на високи државни и јавни функции.

Во ситуација кога изборот на Влада на РМ е ставен под знак прашалник и кога сме под сериозна закана за разнебитување на државава ги повикуваме избраните пратеници во Собранието на Република Македонија да се ослободат од партиските стеги и хипотеки, од својата политичка и етничка припадност и да дадат поддршка на идна надпартиска извршна власт во која нема да има место за осомничени и обвинети функцинери.

Оваа Влада треба да биде растоварена од теснопартиските, етничките и криминалните побуди и ирационални партиски и лични барања.

Ваквата влада во период од една година ќе може да стави крај на политичката криза и ќе ја врати државата на вистинскиот колосек, ќе овозможи владеење на правото, департизација на институциите и со поддршка на надлежните правосудсни органи да ги изведе пред лицето на правдата сите сторители на кривични дела“, стои во соопштението на ФРОДЕМ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e