Фрчат шамари на сите страни

Многу ме интересира кои загари сега ќе ги ангажира Елизабет за да и’ го покријат срамот односно, барем малку, да го амортизираат аперкатот на Ристо Лазаров за годинашнава „програма“ за издавачка дејност во рамките на фамозната годишна програма за финансирање на националниот интерес во културата. Зашто Лазаров им срочи терминирачка дијагноза, ја пикна в шише и им ја испрати низ смрдливион Вардар.

А во шишето, заедно со „програмата“, попатно ги настега и сите други факти околу издавачките „напори“ на нашево Министерство за (не)култура и нивните „епохални проекти“ со кои што не’ замајуваат толку години трошејќи државни пари и делејќи си екстра дебели хонорари за дебилните им услуги. Од „Звездите на светската книжевност“, преку едицијата „Нобеловци“, па до неписмените преводи – сите до еден лукративни тезгарошки чекмеџиња на нашите гооолеми литерати.

И тој, повторно, заедно со се’ друго, го постави клучното прашање: зошто ова Министерство (кое што Лазаров шеретски го преименува во Министерство за благодарност!), покрај толку издавачи, се јавува како носител на сите тие „проекти“? Толку ли е, богати, стручна таа Елизабет, сосе „тимот“ околу неа, па умеат самите да реализираат се’ во оваа национална култура, од откупи на ликовни дела, преку конурси за сценарија, музики и музички заебанции, па до „епохални“ издавачки продукции? И зошто тогаш воопшто им се потребни издавачи, национални институции, директори во истите (прашање на кое што посебно ќе се навратам следниот пат!) …? Зошто Елизабет и „тимот“ не укинат се’ околу нив – и така се покажува непродуктивно – и не ја земат целата работа во нивни „стручни“ раце?

Да бидам искрен – не ме зачуди реакцијата на Лазаров. Не му е прва. И на место е, како што треба. Некој од малкуте останати сериозни и со непоматен углед писатели мораше тоа да го направи.

Ама ме зачуди, да не речам запрепасти, една слична реакција, наречена „Проглас за заштита на достоинственото на македонски писталел и на македонската книжевност“, од поголема група македонски писатели која што се појави веднаш по реакцијата на Ристо Лазаров.

 

Целата колумна на Златко Теодосиевски прочитајте ја тука

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e