Франција против старт на преговори поради реформата на СЈО

Француски дипломатски извори информираат дека една од причините зошто Париз се противи на отворањето преговори со Северна Македонија е недостатокот на напредок во реформата на статусот на Специјалното јавно обвинителство.

– Конкретно сметаме дека Северна Македонија мора да приложи дополнителни напори посебно во делот на Специјалното јавно обвинителство, сметаме дека останува уште многу работа и за Северна Македонија и за Албанија и дека состојбата не е толку розова како што ни се претставува, вели француски дипломатски извор за МИА.

Ова е сега официјална позиција на француските власти и ќе им биде соопштена на министрите за надворешни работи во вторник во Луксембург.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e