(ФОТО) Се реконструира ГП Деве Баир

После период од многу години, конечно, на Граничниот премин Деве Баир кон соседна Бугарија, се извршуваат градежни работи кои опфаќаат замена на поголем дел од асфалтната површина, како на самиот премин, така и на патот кој води кон царинскиот терминал.

32257263_10211981475275708_610414358563913728_n

32293690_10211981488316034_1011384061412769792_n

Изминативе неколку години, оправдани беа реакциите на возачите на товарни возила и учесниците во патничкиот сообраќај, дека се вози по неквалитетен пат, полн со дупки, од кои страдаа возилата.

grgrr

32454853_10211981486635992_827802925660110848_n

Конечно, после подолг период, се работи на реконструкција и поставување на нова асфалтна површина која ќе овозможи непречен и безбеден сообраќај.

32253794_10211981475955725_3119636610547712_n

32313680_10211981490916099_8846203698435588096_n

Исто така, со отстранување на старата вага и пополнување на просторот, ќе се добие уште една сообраќајна лента која ќе го намали времето на чекање при влез во државата.

32349815_10211981472715644_6233165584326983680_n

32205933_10211981472395636_5639036461849247744_n

32267228_10211981473315659_4153486469064818688_n (1)

Според најавите, се очекува наредната недела да завршат градежните активности и се нормализира целосниот сообраќај на овој граничен премин.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e