(ФОТО) Ангеловска на велосипед во Градски парк заедно со холандскиот амбасадор

Министерката за финансии Нина Ангеловска денеска во Градскиот парк во главниот град возеше велосипед заедно со холандскиот амбасадор во Скопје, Дирк Јан Коп.

72412826_2767949676569711_405812750921498624_n

Преку пренесување на добрите холандски практики и искуства ќе се реформира системот на јавни финансии во земјава. Меѓу министерствата за финансии на Република Северна Македонија и Холандија ќе се потпише нов Меморандум за соработка со кој ќе се соработува во насока на реформите во јавната внатрешна финансиска контрола, даночната политика, буџетот, јавниот долг. Со ова се продолжуваат размената на искуства за реформите со Холандија.

72614148_2767949706569708_3281040111436824576_n

Во последните 25 години Холандија има инвестирано преку 250 милиони евра како поддршка за македонските институции, приватниот сектор, граѓанското општество, медиумите, културата и образованието.

71880461_2767949593236386_5473833504041074688_n
Холандија е еден од најголемите билатерални донатори од земјите-членки на ЕУ, традиционален партнер и принципиелен поддржувач на македонските заложби за членство во ЕУ и НАТО, како и еден од најголемите инвеститори и важен трговски партнер на земјата. Во последните 25 години Холандија има инвестирано преку 250 милиони евра како поддршка за македонските институции, приватниот сектор, граѓанското општество, медиумите, културата и образованието.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e