ФОКУС: Бегалка

Во новиот број на неделникот „Фокус“ ќе читате:

Naslovna-1206ЗА НЕШТАТА ДА СТАНАТ ПОЈАСНИ
Бегството на Груевски во Унгарија е мега-скандал кој оди на душа на актуелната Влада. Зададен и е силен удар на правдата, без оглед чија е најголемата одговорност, зашто ако главатарот на Фамилијата не одговара за злоделата, каква смисла тогаш има кривичната одговорност на ситните шрафчиња на поранешниот режим?

ЗАРАДИ ИДЕАЛИ – ВЕРНОСТ КОН ПАСТИРОТ, ГИНАТ БУДАЛИ!?
Не се случи историскиот настан – затворениците за првпат да имаат свој пратеник, ем екс премиер. Оној што тврдеше дека иако со неговото затворање власта сака да го елиминира, сепак така ќе го направеле посилен. Е па, ете, не го направија посилен, туку слабак што кидна како сиромав без имот и пари оставајќи го и семејството и оние обвинетите што ги реализираа неговите налудничави крими проекти

НАМЕСТО ЗАТВОРЕНИК, ГРУЕВСКИ СТАНА БЕГАЛЕЦ
Уште во август годинава, „Фокус“ објави дека Груевски извесно време го подготвувал теренот за бегство во Унгарија, а единствената дилема беше дали власта ќе му дозволи да избега. Дали Груевски го изиграл системот за да избега од правдата, или, пак, институциите имале сознанија за неговиот план, но не го попречиле зашто тоа било дел од договорот за обезбедување двотретинско мнозинство?

УДАР ВРЗ „ИМПЕРИЈАТА“ НА КАМЧЕВ И НА МИЈАЛКОВ
Откако го пикна во притвор најбогатиот Македонец, Орце Камчев, специјалната обвинителка Лиле Стефанова истакна дека во државата нема недопирливи. Неговата злосторничка дружина брои уште 12 членови, меѓу кои и доскорашниот пријател Сашо Мијалков. СЈО ветува дека ќе докаже како се испрале речиси 11 милиони евра и во чии џебови завршиле парите

ЦЕНТРИТЕ ЗА ДИЈАЛИЗА ПОД ЛУПА НА ОБВИНИТЕЛСТВОТО
„Фокус“ пред неколку години пишуваше за центрите за дијализа што отидоа под концесија, а фирмите што го поделија бизнисот-колачот се „Систина“ на Камчев и „Дијамед Македонија“ на Вера Иванова. Според пресметките, целиот бизнис тежи безмалку половина милијарда евра. Пред две недели, Основното јавно обвинителство отвори предмет за овој случај

ОД ДРЖАВА СЕ БЕГА, АМА ОД МАКИЈАВЕЛИЗАМ НЕ
Грујо му беше на бате Саше исто што и Рамиро де Лорка му бил на Чезаре Борџија. Грујо барем ја здува на време пред да биде премногу сурово репресиран. Па така, сите „че си лежат“. Само, некои на брашно, а некои на плажа покрај Дунав

ЖАН ПОЛ ДИСПАНДТЕТОВСКОТО НАСИЛСТВО НА НАВИВАЧИТЕ НЕМАШЕ ДА СЕ СЛУЧИ ВО ФРАНЦИЈА, ПОЛИЦИЈАТА НЕ РЕАГИРАЛА СООДВЕТНО!
Жан Пол Диспанд, полициски командант, од јуни 2012 година е помошник на раководителот на Одделот на Националната единица за борба против хулиганизам на Франција. Се работи за хулиганизмот на спортските натпревари. Г. Диспанд престојуваше во Македонија каде што одржуваше обука на македонските полицајци за справување со насилство на спортски натпревари

Колумнисти:

Стојан АНДОВ
Не ми е познато дали досега е направен обид да се утврди колку од Македонците загинале на српската страна, а колку на бугарската. Многу семејства од Македонија во четиригодишната Прва светска војна доживеале нивните членови – браќата, да се бијат и да се убиваат меѓу себе. Тоа не му се случило ниту на еден друг народ од учесниците во Првата светска војна

Денко МАЛЕСКИ
Да си слободен, значи да си одговорен за многу нешта. Одговорен за своето поведение, за успехот на своето семејство, за успехот на институцијата во која работиш и за успехот на државата во која живееш. Значи, точно е: ние немаме срце, желба, потреба и идеја да бидеме слободни

Д-р Андриана СКЕРЛЕВ – ЧАКАР
Наместо да се пишуваат закони „по мерка“, конечно треба да се напише еден европски закон, впрочем каков што беше оној првиот, Законот за медијација од 2006 година, кој требаше само да се дополни, со оглед дека медијаторите укажаа, а праксата од неговата примена упати на тоа!

Сашо ТАСЕВСКИ
По оваа фарса со Груевски, кој става илјада евра кладба, дека МВР за Ќорка Спорт и тунел ќе ископа ко оние на Ескобар, за потеатрално бегство, а на излезот ќе му паркираат запленето ферари или бел коњ за да одјава кон хоризонтот. Право кај Груевски, на Маршалските Острови

Ана ПАНОВСКА
Највиновни во сета оваа лакрдија се службите во МВР, од министерот до последниот сообраќаец, кои не знаеле кај се движел Груевски последнава недела. Немале налог од судот за тоа да го дознаат. Ако, пак, навистина не знаеле каде е Груевски, и покрај неколкутемина вработени во МВР како негови телохранители, тогаш јаз’к! Нека си ја земат чантата и нека си одат оттаму

Д-р Гроздан ЦВЕТКОВСКИ
Тајно, полутајно, понекогаш дури и отворено, припадници на странски служби врбуваат, корумпираат, намамуваат со грантови, стипендии, бизнис-релации, македонски политичари, пратеници, министри, градоначалници, директори, бизнисмени, новинари, интелектуалци и други видни личности.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e