Филипче: Со зголемување на кадарот и новиот возен парк, значително е скратено времето на чекање на Итната помош

„Итната помош е еден од сегментите кои најмногу ги зајакнавме во изминативе 2 години”, рече Министерот за здравство, Венко Филипче при гостувањето на дебатната емисија Детектор на ТВ Сител.

Како што тој изнесе, во овој период примени се 84 доктори и околу четириесетина од нив распределени се токму во Итната медицинска помош соодветно на потребите, во Скопје и во другите градови.

Покрај нововработените доктори, за Брзата помош набавени се и 12 нови возила, а уште 7 ќе следат. Со овие инвестиции, министерот рече дека значително се зголемуваат капацитетите на Итната помош.

„Со зголемување на кадарот и новиот возен парк значително е скратено времето на чекање, до 7 минути во Скопје, а 12 до 13 надвор од Скопје. Итната помош е брза и ефективна услуга за потребите на граѓаните така што наспроти ширењето лажни вести од страна на ВМРО ДПМНЕ дека Итната помош не била ефективна при интервенција, овие бројки и факти кажуваат дека Итната медицинска помош во македонското здравство ги зголемува капацитетите да излезе пресрет на секоја ситуација”, изјави министерот во неговото гостување на ТВ Сител.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e