Филипче: Три нови случаи со коронавирус, вкупно во државава се 70, една пациентка во критична состојба

Вкупно тестирани на коронавирусот денеска се 43 лица, од кои три се позитивни, што значи вкупниот број заболени во државава е 70. Бројот на пациенти ќе расте. Сите пациенти се со стабилна клиничка слика, лесна до средна. Пациентката која е на механичка вентилација на Клиниката за инфективни болести е во критична фаза, истакна на прес-конференција во Владата министерот за здравство Венко Филипче.

Посочи дека од тројцата потврдени случаи денеска, една пациентка патувала во Србија, втора пациентка е бабата на четиригодишното дете заболено од коронавирус, и уште еден пациент од Скопје.

– Заболени од коронавирус има во Скопје, Дебар, Гостивар, Штип и Охрид, додаде Филипче.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e