Филипче: Се прави подготовка за правење на првата трансплатација на срце во нашата земја

Во моментов се прави подготовка за правење на првата трансплатација на срце во нашата земја, истакна министерот за здравство Венко Филипче.
„Имаме, за жал, почината пациентка чие семејство се согласи да го донира срцето и пациент кој веќе подолго време чека донор. Се спремаат тимовите и доколку дозволи клиничката состојба во текот на вечерта ќе се изврши најпрво експлантација на срцето од донорот, а потоа и трансплатација. Операцијата ќе се изврши на Клиниката за кардиохирургија каде ќе работи мешан тим на кардиохирурзи. Станува збор за исклучително тешка и ризична операција, да им посакаме среќа на докторите и на пациентот!“, потенцираше Филипче.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e