Филипче: Направивме многу, но имаме уште многу да направиме

Министерот за здравство Венко Филипче им ја честиташе новата 2020 година на сите граѓани, посакувајќи им добро здравје, среќна и успешна година.

„Поминавме период исполнет со многу предизвици, но и со многу успешни проекти кои ни даваат мотивација за да продолжиме уште посилно следната година. Од првиот ден, на оваа Влада, и беше кристално јасно дека, по повеќе од деценија запоставување на целокупниот здравствен систем, ќе мора многу да работиме за да го излекуваме и подигнеме на нозе атрофираното здравство. Направивме многу, но имаме уште многу да направиме. Продолжуваме да работиме посветено на подобрувањето во секоја област: инфраструктурата, опремата, терапијата, персоналот. Затоа што само така со сеопфатен пристап кон сите сегменти  во здравството, можеме да направиме функционален и одржлив здравствен систем за сите нас. Дозволете ми на крајот да ви ја честитам новата 2020 година, и да ви посакам пред сѐ, добро здравје, среќна и успешна година” – изјави министерот Филипче.

 

Ознаки:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e