Филипче ја назначил Алуловска за нова директорка на детска клиника

Министерот за здравство, Венко Филипче денеска ја назначил Наташа Алуловска за нова директорка на скопската Клиника за детски болести.

Таа на оваа позиција доаѓа како педијатар кој работи во одделот за неонатологија на детската клиника.

Нејзината претходника, Катерина Ставриќ оваа пролет поднесе неотповиклива оставка поради лични причини, но најави дека ќе остане на функцијата додека не добие наследник.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e