Филип Петровски има докази против Мицковски. Еве за што

Филип Петровски од Деморатската фракција на ВМРО-ДПМНЕ во изјава за „Фокус“ вели дека не ни очекувал поддршка од лидерот Христијан Мицкоски за протестите против договорот со Грција и тврди дека Мицкоски е во таен договор со Заев.

-Мицкоски е контролиран од неговите ментори од странските амбасади. Него не го интересира ниту ВМРО, ниту членството, ниту Македонија. Тоа е човек кој треба да одигра улога во сценариото за разнебитување на Македонија и веќе ја игра. Повремено прави прошетки по улици, како во Битола, за да го замае членството дека нешто прави. Тој не заслужува да биде претседател на ВМРО, треба да си даде оставка, го обербати името ВМРО. Во последните денови тој активно работи да го неутрализира членствотода не оди на протести за што имаме аудио и видео докази. Дел од нив може и наскоро да ги објавиме. Кога народот беше тепан, кога полицијата беше во офанзива против голоракиот народ, Мицкоски си беше на свадба. Така не се однесува лидер на ВМРО!, изјави Петровски.

Според него, Мицкоски нема контрола врз сите пратеници на ВМРО-ДПМНЕ, но кога на ред ќе дојде гласањето за уставните измени за името, тогаш дел од пратениците кои се под закани и закани од кривични пријави, ќе гласаа за измените.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e