Фалкони: Палмер е извонреден експерт за Балканот, но очигледно дека не е експерт за ЕУ

Францускиот амбасадор во Белград, Жан Луј Фалкони, во интервјуто на ТВ Н1, говорејќи за процесот на проширувањето во ЕУ на Западен Балкан и одлуката од пред 15 дена за неотварањето на пристапните преговори со Северна Македонија, изјави дека Франција „нема резерви“ кога станува збор за влез на земјите од Западен Балкан во ЕУ, потенцирајќи дека тоа е процес кој подразбира одредени услови кои мораат да бидат исполнети.

-Она што се случи, прашањето дали ќе ги отвориме преговорите со Северна Македонија и Албанија, морам да кажам дека тие земји исклучително се трудеа, особено со потпишувањето на Преспанскиот договор. Но, прашањето за проширување, е конкретна определба за реформи, особено тоа беше барање за Северна Македонија, реформата на СЈО, реформата на правосудството во Албанија. Беа поставени одредени услови и тие услови не беа исполнети. Но, можеби некои наши партнери во ЕУ сметаа дека и покрај се, требаше да се отворат преговорите, а претседтелот на Франција (Емануел Макрон) сакаше да задржи една кохерентна позиција, што значи дека постојат услови за влез во ЕУ, кои важат и за Србија (и останатите) и тие услови мораат да бидат исполнети. Тука нема остапки, бидејќи остапките имаат врска со моделот за придружба. Потребно е земјите да ги спроведат потребните реформи. Етапите мораат да бидат испочитувани. Ако од самиот почеток тргнеме да „мрдаме“ околу условите, ќе имаме лизгав процес….“, порача Фалкони.

На прашањето на Н1 за оценката на Метју Палмер, дека Франција направила „историска грешка“, Фалкони оцени дека историјата треба да се гледа на подолг рок, особно што Франција има долга историја.

-Мислам дека тој збор „историска грешка е погрешна“. Тоа не одговара на ситуацијата. Тоа е една епизода во преговорите на проширувањето, кои треба да доведат до влез во ЕУ. Палмер е извонреден експерт за Балканот, но очигледно дека не е експерт за ЕУ или за начинот на кој таа функцинира, изјави францускиот амбасадор во Белград.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e