Европратениците утре ќе гласаат за повторна одлука за Скопје и Тирана

Европратениците утре ќе гласаат за Резолуција со која се осудува негативната одлука од Брисел и се бара одлука за почеток на преговорите со Скопје и Тирана.

Во резолуцијата се потенцира дека одложувањето на преговорите со овие две земји може да го дестабилизира не само двете земји туку и целиот регион.

Се очекува европратениците да ги повикаат лидерите на Унијата да се однесуваат соодветно ветеното и да го зачуваат својот кредибилитет. Во предложените амандмани се поздравува и одлучноста на Македонија да продолжи на реформската агенда и со позитивната дипломатија со соседите, особено со Бугарија и Грција.

Парламентот потсетува дека политиката на проширување е најефективниот инструмент за надворешна политика на Унијата и бара Комисијата да ја преиспита и дополни Стратегијата за Западен Балкан од февруари 2018.

ЕУ парламентот нагласува дека неуспехот на Унијата да отвори преговори резултираше со предвремени избор и создава можност за други влијанија кај земјите-кандидатки.

Оваа иницијатива која доаѓа од речиси сите парламентарни групации ја поздрави премиерот Заев.

 

Ознаки: , ,

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e