Еве како би гласело референдумското прашање!

Премиерот Зоран Заев по синоќешната лидерска средба соопшти дека референдумското прашање би можело да биде: Дали сте за членство во ЕУ и во НАТО со прифаќање на Договорот меѓу Република Македонија и Република Грција? и оти претстојниот референдум потребно е да биде консултативен.

Тој изрази разочарување што лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски ја напушти средбата само еден час по почетокот велејќи дека тоа е несериозно, неодговорно и навредливо кон претставниците на сите политички партии кои беа на разговорите и кон граѓаните.

Сепак, премиерот Заев рече дека денеска напладне исто така во Клубот на пратениците ќе се одржи уште една лидерска средба, но овој пат, на четирите најголеми политички партии, така како што бараше првиот човек на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски.

На лидерската средба присуствуваа премиерот и лидер на СДСМ Зоран Заев со Радмила Шекеринска, Али Ахмети и Бујар Османи од ДУИ, Зијадин Села и Арбен Таравари од Алијанса за Албанците, Мендух Тачи и Имер Алиу од ДПА, Африм Гаши од едното и Билал Касами и Фадил Зендели од другото крило на Беса, Горан Милевски и Дуфе Кукоски од  ЛДП, Лилјана Поповска и Маја Морачанин од ДОМ, Љупчо Димовски и Владанка Авировиќ од Социјалистичка партија, како и Тито Петковски и Горан Мисовски од НСДП. Лидерската средба ја напушти само лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски, кој беше придружуван од Тања Каракамиш

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e