Еве каде утрово е најстудено и каде има најмногу снег

Најниска температура утрово била измерена во Маврови Анови, седум степени под нулата, а потоа следуваат Крушево со -6, -4 Охрид, -3 Претор, -2 во Крива Паланка, Тетово, Битола и Берово, -1 во Прилеп и Дебар, 0 во Виница и Куманово, 2 во Скопје-Зајчев Рид и Штип, 3 во Демир Капија и Струмица, 4 во Дојран и 5 степени во Гевгелија.

Во Маврови Анови во 7 часот е измерена и највисока снежна покривка од половина метар, 26 сантиметри има во Крушево, 25 на Попова Шапка, 24 во Пожаране, 18 во Битола, 10 во Охрид, 9 Ѓуриште, 8 Дебар, 4 Берово, Прилеп, 3 во Претор. За изминатите 24 часа најмногу дожд од 25 л/м2 има наврнато во Маврово, 21 Дебар, 17 Битола, 15 Охрид, 14 Пожаране, 13 Виница, 8 Претор, Крушево, 7 Берово, 6 Кр.Паланка, Струмица, Д.Капија, Дојран, 5 Прилеп, Тетово, 4 Штип, 3 Скопје-Петровец, Куманово и 2 во Скопје-Зајчев Рид и во Гевгелија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e