ЕСМ ќе инвестира 3милиони евра во хидроелектраната „Вруток“

Со три милиони евра инвестиција ќе се санираат водостанските шахти во хидроелекетраната Вруток, најави генералниот директор на АД ЕСМ Васко Ковачевски при денешната посета на подружница ХЕС „Маврово“.

-Со овој проект ќе се реши проблемот со загуба на вода што трае од 2010 година. Се очекува дека инвестицијата ќе овозможи зголемување на производство за 17.520MWh на годишно ниво, што по просечна цена на струјата изнесуваат околу 700 илјади евра, наведуваат од ЕСМ.

При посетата исто така утврдено е дека до овој момент производство на ХЕС”Маврово”(од трите централи ХЕЦ “Вруток”, ХЕЦ “Равен” и ХЕЦ “Врбен”), изнесува 370GWh, што е 104 отсто во однос на годишниот план.

Ознаки: ,

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ