Експерти за 24 Вести: Земјотресот не може да се спречи, но последиците од поплавите можеа да бидат помали

Земјотресот и неговиот интензитет не може да се спречи но ниту да се предвиди, посочуваат познавачите на проблематиката.
Сепак додаваат, поплавите кои што некои ги поврзуваат со земјотресите и во кои имаше големи човечки загуби и материјални штети можеа делумно да бидат минимизирани доколку постоеја соодветни институции и доколку во најголема мера за тоа не беше одговорен човековиот фактор велат тие. Професори и експерти анализирајќи ги последиците од поплавите кои се случија пред повеќе од еден месец тврдат дека со уредување на водотеците но и доколку сечата на дрва била помала последиците немало да бидат толку фатални. –  објави 24 Вести.
Според професорката Татјана Миткова пак токму во невемето пропратено со обилни дождови најпогодени се оние подрачја каде теренот е обешумен и без вегетација бидејќи таму ризикот од свлечишта и одрони е најголем .

Според експертите најголемото уредување на водотеците во земјава било во периодот од 52 до 80-та. Од деведесетите години навака велат минимално речиси незначително се работи на оваа проблематика што само по себе претставува закана дека и на помало невреме последиците би можеле биле слични.

Извор: 24 Вести.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e