Единствена Македонија: Стари структури блефираат дека можно е да се повтори 2001

Единствена Македонија на Јанко Бачев ги осуди, како што наведуваат оттаму, вчерашните отворени закани на Џес Бејли, Јоханес Хан и Иво Вајгл дека доколку Македонија не стане членка на НАТО и не го промени името нема иднина, па дури и дека постои опасност од закана за нов конфликт сличен на оној од 2001.

„Заканите со повторување на 2001 се закани од стари структури на темната држава која заедно со терористички организации по светот рушат држави до темел и убиваат народи за добро утро, меѓутоа, направиле предвид дека 2018 не е иста како и 2001. Очигледно е дека паниката во редовите на овие странски блефери и пучистичката влада во Скопје поприма хистерични размери“, се наведува во партиското соопштение.

Од Единствена Македонија посочуваат и дека во овој контест е, како што велат и најновата русофобија на Зоран Заев.

„Неуспешните НАТО-журки внесоа дополнителна хистерија и кулминацијата на шизофрената русофобија на марионетската власт во Скопје и ‘Калето’“, велат од партијата на Бачев и апелираат македонскиот народ и граѓаните да останат спокојни, бидејќи, како што истакнуваат, Македонија ќе победи и нема да има промена на името и влез во НАТО и ЕУ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e