Џафери за Бета изјави дека е отворен за соработка со Србија, но е против запаливи изјави

Новиот претседател на Собранието,  Талат Џафери во интервју за српската новинска агенција Бета денеска зборува за актуелните запаливи изјави во односите меѓу двете земји.

За обвинувањата на српските официјални претставници дека албанските политичари во регионот се закана за мирот и стабилноста не само на Западниот Балкан туку и во Европа, Џафери вели дека  од политички аспект не е умесно политичките претставници на народите да се оквалифукуваат еден со друг на таков начин.

„Тие изјави придонесуваат кон влошување на односите, најнапред индивидуално меѓу претставниците на институциите, а тоа, се разбира, преку пропагандата ги допира и односите меѓу народите односно граѓаните на државите во регионот. Во секој случај би требало да се биде одговорен во контекст на изјавите, кои се даваат за своите колеги во други држави“- изјави Џафери за Бета.

Во интервјуто вели дека ВМРО-ДПМНЕ е опозиција и тоа е реалност.

Тој рече дека Собранието и тој се отворени за соработка со институциите на Србија и оцени дека запаливите изјави на политичарите „во секој случај придонесуваат кон влошување на односите“ меѓу двете земји.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e