Џафери ќе учествува на Европската конференција на претседатели на парламенти на ПССЕ

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Талат Џафери денеска ќе учествува на Европската конференција на претседатели на парламенти на Парламентарното собрание на Совет на Европа во Стразбур, Франција.

На конференцијата, како што соопшти собраниската прес-служба, ќе учествуваат претседатели на парламенти на 47 земји членки на Советот на Европа, како и претседатели на меѓународните собранија.

Покрај учеството на конференцијата на Парламентарното собрание на Советот на Европа, во текот на престојот во Стразбур, Џафери ќе оствари средби со претседателот на Европскиот парламент, Давид Сасоли, со претседателот на Комисијата за надворешни работи на ЕП, Дејвид Мекалистер и со други европратеници.

Ознаки:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e