Двотретинско мнозинство очекуваат од Владата за Законот за одбрана

Двотретинско мнозинство очекуваат од Владата за Законот за одбрана, кој е ставен утре на седница на Собранието. Извори од Владата велат дека наместо да се лицитра со датумот за ратификација на Протоколот за членство во НАТО, сега е момент партиите да гласаат за Законот.

Единствен аргумент на ВМРО-ДПМНЕ, нагласуваат од Владата, во моментов е дека нема да дадат поддршка затоа што на законот стоело името Република Северна Македонија и додаваат дека истото име стои и на ратификацијата, која треба да помине во Собранието.

Неодговорно е брифираат од Владата, на последниот чекор пред НАТО да се тера партиска политика.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ