Двајца на распит за пукањето кај Палас

Двајца од петмината во кои беше пукано во хотелот Александар Палас во саботата вечерта се на распит во полициската станица во Карпош, пишува Стандард повикувајќи се на извори од МВР.

Според информациите на порталот, опсежната истрага се уште е во тек и се трага по маскираните лица кои пукале кон оштетените.

Како што велат изворите од МВР, дел од петмината кои се на распит во Карпош, а кои биле приведени со припадници на Единицата за брзо распоредување, испраќале и пораки дека полицијата била виновна за престрелката.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ