ДВ: Неразумното вето на Макрон ја втурнува Европската унија во двојна криза со кредибилитетот

Северна Македонија и Албанија нема да започнат преговори за пристапување затоа што францускиот претседател не го дозволува тоа. И тоа може да го остави Балканот во конфликти и на други сили, коментира Бернд Ригерт, дописник на Дојче веле од Брисел во авторскиот текст за случувањата на дводневниот Самит на ЕУ и неможноста на европските лидери да се договорот за преговори со Скопје и Тирана.

– „Разочарување има во Северна Македонија и во Албанија. Тоа е разбирливо. Според Европската комисија, Европскиот парламент и претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, двете земји од Западен Балкан ги исполниле условите за започнување на преговорите за ЕУ. Од 2003 година, тие и другите балкански земји добија еврпска перспектива. Северна Македонија ги исполнува барањата уште од 2009 година, а Албанија од минатата година. Откако Скопје го реши спорот со Атина околу името, Македонците веруваа дека на овој самит на ЕУ конечно ќе им се даде зелено светло за почеток на преговори. Но, тоа експлицитно го одбива само еден европски лидер – францускиот претседател Емануел Макрон. Уште двајца, холандскиот премиер и данската премиерка, се сокрија зад Макрон и одбија разговори со Албанија.

Неразумното вето на Макрон ја втурнува Европската унија во двојна криза со кредибилитетот – едниот на Балканот, другиот во самиот Брисел.
Колку вредат ветувањата на ЕУ доколку не се исполнат дури и по реформите и напорите на кандидатите? Зошто експертите во Европската комисија, која знае да биде критична, со години ги проверуваат кандидатите ако на крајот е доволно „не“ од Париз да ги направи бројните резултати од проверката безвредни?

Ознаки: ,

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e