Душко фармерот обвинет за напад на полицаец на протестите за оставка на Талески

Битолското Основно јавно обвинителство поднело обвинителен предлог со кој го товари фармерот Душко Илиевски за физички напад на полицаец за време на протестите на „Шарената револуција“ пред зградата на Општина Битола, на кои демонстрантите бараа оставка од градоначалникот Владимир Талески. – пишува “Мета”

Илиевски го добил обвинението денеска, а во него е наведено дека тој треба да се јави на распит во oбвинителството на 5 октомври годинава.

Илиевски е обвинет за физички напад на полицаец кој бил дел од кордонот полицајци пред зградата на Општината за време на протестите на 17 април.

Во обвинителниот предлог стои дека фармерот го нападнал полицаецот додека „вршел работи на безбедоста“, удирајќи го со раце и сo нозе по телото и по главата и нанасувајќи му „телесна повреда изразена како нагмечување со површински повреди во пределот на градниот кош, колкот и на бедрото“.

– Оваа пријава е глупост, како може толку да сум го тепал и да сум му нанел такви повреди кога и во кривичната стои дека полицацеот бил во кордон од полицајци. Значи, додека јас сум тепал, неговите колеги спиеле? Не знам како е ова возможно, самите се побиваат уште во кривичната – вели Илиевски.

Мета

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e