„Дурмо турс“ во автобусот вградил уред со кој се манипулирала брзината на движење

Уред со кој се манипулирала брзината на движење на тахографската лента имаше вградено во автобусот на „Дурмо турс“ , изјави на денешното рочиште за несреќата кај Ласкарци еден од возачите Според Џемаил Саили биле група од тројца возачи на тој автобус и сами воделе и пополнувале тахографска лента и патен налог за секоја релација.

„Не знам кој вградил таков уред. Мене не ми беше потребен и не користев. Знам дека во двата автобуса што ги возев имаше таков уред што се активира со копче на левата страна на воланот“, изјави сведокот Салии.

На денешното рочиште претходно беше сослушан сведок, кој со приватен автомобил возел зад автобусот на Дурмо турс кој истакна дека не приметил ништо невообичаено кај автобусот, како чад, истекување или друго нешто.

На прашање од одбраната, бидејќи претходно кажал дека се движел со брзина од околу 70-75 километри на час, да објасни дали со таа брзина му се доближувал или одалечувал на автобусот, сведокот не можеше точно да каже.

За автобуската несреќа што се случи на 13 февруари, годинава кај селото Ласкарци, во која загинаа 16 лица, а 37 беа потешко повредени обвинети се шест лица.

Сопственикот на „Дурмо турс“, Дурмиш Белули, одговорниот за транспорт во фирмата Ремзи Мифтари и возачот на автобусот Маноел Трифуновски се товарат за сторени тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот, додека тројцата вработени во станицата за технички преглед Игор Ѓорѓиевски, Горан Дуковски и Јане Боварски за соучество во истото дело.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e