ДУИ донесе одлука за учество во Влада со СДСМ

Портпаролот на ДУИ, Бујар Османи во изјава за медиумите рече дека ДУИ одлучила да биде дел од владата на СДСМ.

– ДУИ одлучи да ја почитува волјата на мнозинството граѓани Албанци и да учествува во владата. Иванов да размисли за своите чекори. Го повикуваме во соогласност со неговите надлежности да го додели мандатот на парламентарното мнозинство потврдено со 67 потписи. Платформата не отстапува од Уставот и Охридскиот рамковен договор  – истакна Османи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ