ДС за самитот во Охрид: Никој не ја иницира потребата од ефикасна борба против криминалот

Демократскиот сојуз денеска во соопштение посочува дека балканските држави треба меѓусебно да соработуваат, се со цел да се овозможи брз проток на стоки, капитал и идеи, како битни предуслови за економски развој. Но мора во преден план да договорат заедничка борба против организираниот криминал и корупцијата.

„Криминалот го загрозува демократскиот, економскиот развој и евроинтеграциските процеси.

Карактеристика на сите балкански држави, а посебно на Македонија, Албанија и Србија е високата криминализација, посебно институционалниот криминал, каде по правило во тешките облици на криминал е вклучена и власта.

Изненадува фактот, што на овој Балкански самит никој не ја иницира потребата од ефикасна борба против криминалот.

Очекуваме тоа да биде главна тема на следните средби.

Инаку ДС е за соработка помеѓу државите од Балканот, но без формирање на сојузи како можни алтернативи за полноправно членство во Европската унија“, додаваат од партијата на Трајанов.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e