ДС: Македонија мора да биде една изборна единица за секој глас да има иста тежина

Демократскиот сојуз смета дека Македонија мора да биде една изборна единица за секој глас да има иста тежина.

„Анализата што ја направи Демократскиот сојуз, недвосмислено потврдува дека поделбата на шест изборни единици единствено е во корист на шестата единица каде со седум илјади гласови се обезбедува пратенички мандат или со 140.000 гласа се освојуваат 20 пратенички мандати, за разлика од другите изборни единици (прва,трета итн.) каде за пратенички мандат гласале 10.000 гласачи или со 200.000 гласачи се избрани 20 пратеници.

Накусо, во шестата изборна единица со 60.000 гласа помалку имаме 20 пратеници.

Затоа, Демократскиот сојуз бара Макединија да биде една изборна единица, за да составот на Парламентот биде реален одраз на волјата на граѓаните, а не непринципиелен политички договор, каде се фаворизираат партиите кои имат помногубројно гласачко тело во шестата изборна единица.

Инаку доколку Македонија биде една изборна единица, ќе се сруши монополската позиција на големите партии и конечно ќе се демонтира “еднопартискиот систем” на владеење.

Помалите и новите партии ќе бидат застапени во Парламентот и ќе можат да влијаат при донесување на закони и одлуки битни за владеење на правото, ефикасна борба против корупцијата и побрза евроинтеграција“, се вели во соопштението.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ