Државата ќе го покрива јазот на сегашната и предхдната минималната плат

Државата ќе обезбеди финансиска поддршка за надминување на јазот од изедначување на дел од платите поради усогласување со минималната плата што се јави кај работодавачите кои имаат финансиски проблеми да ги исплатат зголемените плати на вработените кои се покачени над минималната плата и изнесуваат до 18.000 денари нето плата, предвидува предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за минимална плата што денеска беше на разгледување на седницата на собраниската Комисија за труд и социјална политика. Ова се јави како потреба откако по донесувањето на законот за минимална плата на 12.000 денари, компаниите ги покачија и платите на оние вработени кои до тоа време земаа 12.000 денари сакајки да направат разлика во квалитетот помеѓу самите вработени.

Заменик министерот за труд и социјална политика Ѓонул Бајрактар рече дека измените на Законот за минимална плата се носат со цел да се поттикнат работодавачите кои имаат финансиски проблеми да ги исплатат зголемените плати на вработените кои се покачени над минималната плата и изнесуваат до 18.000 денари нето плата.

„Со покачувањето на минималната плата, дојде до приближување на платите на работниците кои имаат минимална плата и работниците кои пред покачувањето на минималната плата имале приближно до 12.000 денари со што се наметна потребата од финансиска поддршка од државата за надминување на јазот од изедначување на дел од платите поради усогласување со минималната плата што се јави кај претпријатија кај кои трошоците за вработените сочинуваат повеќе од 50 отсто од вкупните трошоци“, пишува во образложението на предлог-законот.

Според Владата која е предлагач на измените на Законот за минимална плата, преку финансиската поддршка ќе се поттикне спиралата за покачување на платите во останатите сектори што позитивно ќе влијае на растот на продуктивноста на компаниите и на растот на животниот стандард на работниците.

Заменик министерот за труд и социјална политика Ѓонул Бајрактар пред пратениците рече дека измените на Законот за минимална плата се носат со цел да се поттикнат работодавачите кои имаат финансиски проблеми да ги исплатат зголемените плати на вработените кои се покачени над минималната плата

„Планирано е финансиската поддршка да се обезбедува во периодот од јули 2018 до декември 2019 година и да изнесува 30 отсто од разликата помеѓу бруто платата на работникот во тековниот месец и просечната бруто плата на работникот исплатена во месеците октомври, ноември и декември 2017 година при што максималната финансиска поддршка може да изнесува 1.200 денари“, рече Бајрактар.

Тој ги информираше членовите на собраниската Комисија за труд и социјална политика дека парите за исплата на финансиската поддршка се обезбедени и доколку аплицираат сите кои ги исполнуваат условите со мерката ќе бидат опфатени околу 50.000 вработени и 15.000 работодавачи.

Финансиска поддршка од државата ќе може добие секој работодавач кој во периодот од октомври до декември 2017 година на работникот му исплатил просечна бруто плата до 26.250 денари, работодавачот кој не е ослободен од плаќање на придонеси од задолжително социјално осигурување и/или персонален данок на доход за работникот, како и ако работодавачот не е во постапка на стечај или ликвидација или постапка на бришење според одредбите од Законот за трговските друштва. Право да побараат државна поддршка ќе имаат и работодавачите кои ги имаат подмирено обврските по основ на плата, придонеси од задолжително социјално осигурување и даноци, заклучно со последниот ден од месецот за кој се обезбедува финансиската поддршка .

За спроведување на овој закон ќе бидат потребни околу 372.000.000 денари за 2018 година, односно 892.800,00 денари за 2019 година.

Минимална плата претставува најнизок месечен износ на основната плата која работодавачот е должен да му ја исплати на работникот за работа извршена за полно работно време.

Денешната седница на собраниската комисија за труд и социјална работа беше прекината поради неопходноста од учество на членовите на Комисијата на собраниска седница. Расправата по овој предлог-закон ќе продолжи на следната седница која дополнително ќе биде закажана.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e