Драгиша Милетиќ за да му се одмазди на Стевчо Јакимовски и на Никола Груевски кои не го испочитувале договорот од 2013 година, вчера го потпиша договорот за коалицирање со СДСМ на изборите на 11 декември. Неговата партија Српска напредна странка за Македонија нема да има ниедно место на листите за пратеници и денеска соопштија дека режимот може да падне само ако сите бидат сплотени.
Во соопштението што денеска го испрати неговата партија, стои дека „синоќешното потпишување за заеднички настап на престојните предвремени парламентарни избори со СДСМ и коалицијата е резултат на непочитување политички договор од страна на ГРОМ кон СНСМ“
Во 2013 година, Драгиша Милетиќ, кој тогаш беше во коалицијата предводена од СДСМ, му го даде печатот од СНСМ на Стевчо Јакимовски за да се кандидира за градоначалник на општина Карпош, откако СДСМ реши да ги бојкотира локалните избори. СДСМ потоа се премисли и учествуваше на локалните избори и го предложи Андреј Петров за противкандидат на Јакимовски. Јакимовски го победи Петров во вториот круг.
извор: СДК