ДПА следната недела ќе одлучува за наследник на Мендух Тачи

Централното собрание на ДПА следната недела ќе одлучува за датумот кога ќе се одржи вонредниот конгрес на кој се очекува да биде избран новиот претседател на оваа партија откако нејзиниот досегашен лидер, Мендух Тачи даде оставка.

Моментално во ограноците на ДПА се анализираат резултатите од предвремените избори на кои партијата забележа многу слаби резултати.

Демократска партија на Албанците:
„Оваа недела треба да завршат состаноците на ограноците на ДПА каде се анализираат предвремените парламентарни избори кои се одржаа на 11 декември. По ова, многу брзо ќе треба да одржиме средба на Централниот совет на партијата кој ќе треба да донесе одлука за одржување на конгрес на кој ќе се избере партискиот претседател.“

Високи претставници на ДПА не сакаа да зборуваат за можните наследнци на Мендух Тачи. Голем дел од членството бара повторно враќање на Тачи, но според информациите на Алсат-М, тој одлучил да не се враќа на чело на партијата. Во меѓувреме, како можни имиња кои ќе се борат за да го преземат кормилото на ДПА се спомнуваат поранешниот пратеник Имер Алиу, потпретседателот на партијата, Бардиљ Даути и градоначалникот на општина Студеничани, Азем Садику.

ДПА на последните избори го забележа најслабиот резултат во својата историја, обезбедувајќи само два пратенички мандата во Собранието. Одговорноста за ваквите резултати ја презеде Мендух Тачи кој две недели по изборите даде неотповиклива оставка. Во моментов активностите на партијата ги координира нејзиниот Генерален секретар, Азем Садику.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e