Дознајте какво време не очекува утре

Времето денеска сончево со мала до умерена облачност, ќе дува слаб ветер, а вдолж Повардарието умерен од јужен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 14 до 20 степени, информира УХМР.

Утре ќе преовладува топло време со засилен ветер од југозападен правец, особено во западните делови каде на места ќе достигнува и над 70 километри на час. В четврток и петок времето ќе биде претежно облачно со врнежи од дожд, а на планините и на некои повисоки места од снег.

Пообилни врнежи на снег ќе има во западните делови каде на планините ќе се формира снежна покривка од 15 до 25 см, велат од УХМР.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e