ДОСИЕ ЗОРАН СТАВРЕСКИ: Ги броеше парите, а колку ќе го чини „подарокот“ за Русија

Се повлече од министерската фотелја пред повеќе од две години и јавноста скоро и да не го виде од тогаш. Додека се плетеа гласини дека Зоран Ставрески, кумот на експремиерот Никола Груевски е поштеден од истрагите на Специјалното јавно обвинителство, обвинителите комплетираа случај против поранешниот прв финансиер. Неговиот глас одекнуваше во јавно објавените „бомби“, сега му е испорачан ПОДАРОК. Во истрагата на СЈО со ова кодно име, тој, поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески и екс директорот на Македонски енергетски ресурси Крсте Миладинов се осомничени дека и подариле на Русија 33 милиони евра, пари од буџетот на државата за изградбата на гасоводот од Клечовце до Штип.

НИЕ СМЕ ЛУДАЦИ

Ние сме лудаци. Нема кој во државата не се сеќава на овој исказ на Ставрески кој во објавен разговор со екс министерката Гордана Јанкуловска ја критикуваше работата на Владата и кога бил министер.

“Ние додаваме, нон-стоп, толку многу трошоци и обврски да не постои нормална земја у светов, Америка да бевме па ќе, немаше да издржиме. Нема седница на Влада, нема седница на Економски совет, сега и тие комитетите ги креиравме, на секое од тие седници доаѓаат креативни идеи што да се прави. Патеки околу ова, патеки околу она, аква паркови…Не знам што праиме. Мислам, ние сме лудаци. Ние сме лудаци. Ова што го правиме е ненормално. Тоа треба да го разбереме дека е ненормално.Ние трошиме на чоколада, а немаме леб дома, тоа праиме ние“, беше една од изјавите во објавените прислушувани материјали.

Откако беа објавени бомбите во кои тој често фигурираше, Ставрески во јуни 2016 година даде оставка од функцијата министер за финансии. Официјалнаото образложение беше дека заминува од здравствени причини. Не стивнаа реакциите дека го напушта Груевски во време кога му е најтешко. Претходно се знаеше дека му е еден од најтесните соработници, ама прислушуваните резговори сведочеа дека Ставрески имал во последниот период негативни чувства кон својот кумашин.

Од 2007 година кога го ставил венчалниот прстен на сопружниците Груевски, двајцата си го чувале грбот, но каде завршија?

КАРИЕРАТА

Петкаш од гимназијата “Раде Јовчевски – Корчагин“. На Економскиот факултет во Скопје дипломирал во 1987 година. Ставрески својата сериозна експертска и работна кариера практично ја почнува како советник и шеф на истражувачкото биро во Народна банка. Во тој период се жени со Антоанета, која била шефица на кабинетот на тогашниот гувернер Љубе Трпески. Работењето во Народната банка и приклонувањето кон десницата во 1998 година практично се двата клучни моменти за подем на кариерата на идниот познат политичар и владини функционер. По доаѓањето на ВМРО-ДПМНЕ на власт во 1998 година, Ставрески остварува блиска соработка со Груевски. Во 2001 година на краток период станува потсекретар во Министерството за финансии со кое управуваше министерот Никола Груевски.

Но, работата во кабинетот се прекинува со неговото заминување во Светска банка каде работи до 2006 година. Со враќањето во Македонија, Ставрески целосно се посветува на партијата, станувајќи нејзин најекспониран играч откако неговиот близок пријател а подоцна и кумашин станува премиер. Ставрески станува дел од Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ од 2006-та година најпрво на позицијата потпретседател задолжен за економски прашања, а од 2009-та година до 2016 и на позицијата министер за финансии.

ПРВ ЗА ЕКОНОМСКИТЕ ПОЛИТИКИ

Седнувајќи во министерската фотеља, Ставрески станува клучен креатор на економските политики, со одлучувачки збор за тоа како и каде ќе се трошат буџетските пари. Со доаѓањето на оваа позиција, според досегашните објавени податоци, буџетите се во постојан пораст, заедно со буџетските дефицити. Ваквиот тренд, кој беше критикуван од опозицијата, министерот Ставрески го бранеше со зголемен економски раст и даночна дисциплина на приходната страна и раст на капиталните трошења, на расходната страна од буџетот

ОСТАВКАТА

Вицепремиерот и министер за финасии Зоран Ставрески си поднесе оставка во јуни 2016 по 10 години, од кои три години како вицепремер а седум и како министер за финансии. Во официјалното образложение за оставката се наведуваат здравствени причини. Дали здравствените причини се само покритие на она за што сите зборуваа, дека нетрпеливоста меѓу него и Груевски веќе била голема.

“Здравствените проблеми со кои се соочувам и советите на лекарите упатуваат на тоа дека постои неопходност од подолго лекување и опоравување, заради што јас нема да сум во можност да ја обавувам функцијата министер за финансии и потпретседател на Владата на Република Македонија“, рече Зоран Ставрески во оставката.

„ПОДАРОК“

Во овој предмет, според СЈО, Ставрески и Јанакиески му прибавиле на Стројтрансгас од Москва противправна имотна корист од близу 33 милиони евра. Имено според обвинението, министрите склучиле спогодба со која се регулира рускиот долг од некогашниот СССР кон поранешната СФРЈ во делот на обврските кон Македонија.

Долгот бил позициониран на 60 милиони долари, а било договорено да се затвори со изградба на гасосоводот од Клечовце до Штип за сума од 75,7 милиони долари или 55,6 милиони евра при што Русија учествува со 80 отсто, а Македонија со 20 отсто. Сепак анализа која била изработена претходно покажала дека реалната цена на чинење на гасоводот е далеку пониска или само 380 илјади евра за еден километар. И покрај тоа договорот бил склучен со повисоката цена со што, според СЈО Македонија ја платила целата изградба, а на руската компанија и оставила подарок од близу 33 милиони евра.

Извор: Фактор

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e