Донаторска акција „Нахрани 10.000“

Националната хуманитарна акција „Нахрани 10.000“ е акција за донирање храна на одбрани локации и нејзино дистрибуирање до социјално згрозените граѓани. Целта е на граѓаните да им се даде можност да донираат храна до нашите сограѓани преку собирање на 10 тони храна која ќе заврши во рацете на 10.000 граѓани.

Хуманитарниот чин ќе се случи на 26 октомври (сабота) и ќе започне во 10 часот и че трае до 18 часот. Акциите ќе се случуваат на 19 локации во 6 града во Македонија и тоа: Скопје, Велес, Битола, Штип, Кочани и Гевгелија.

Препорачуваме сите хуманитарни граѓани да донираат храна, која не е лесно расиплива како: ориз, грав, сол, шеќер, брашно, тестенини, масло за готвење, грашок, конзервирана риба, конзервирано овошје и зеленчук и др.

„Нахрани 10.000“ е во организација на Асоцијацијата „Сите сити“, на која се приклучуваат следните организации: Х.О. ЦВ.Спас-Драчево, Организација на жени-Скопје, Кризен Центар Надеж, Асоцијација Ластовица, ХОПС-Опции за здрав живот, Организација на жени-Битола, Х.О. Утешител-Битола, Млади Хуманисти- Битола, Авена- Кочани, Импакт Нет Фондација- Велес, Ротари Клуб- Штип, Асоцијација за човекови права на Ромите- Штип.

Организациите членки на „Сите сити“ водат евиденција на различни категории на социјално згрозени граѓани, кои имаат потреба од оваа храна. Храната ќе се пренесува во вид на неделни/месечни пакети. Дел од храната граѓаните сами ќе ја подигнуваат, дел ќе се носи до нивните домови. Податоците со кои располагаат организаторите за тоа кои семејства се социјално згрозени се добиени директно од Заводот за статистика во однос на просечни примања по 4-члено семејство во Македонија. Кога ќе се распредели во денови и оброци, а притоа се спореди со цената на еден нутритивен оброк определена од Министерството за труд и социјална политика, 1 од 5 луѓе во Македонија не може да си ги дозволи сите оброка во текот на една година.

Според Државниот завод за статистика во Македонија имаат проблем да обезбедат храна 445,099 луѓе и во просек имаат по еден оброк дневно.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e