ДКСК започнува 5- годишна кампања против корупцијата

Антикорупциската комисија почнува кампања за намалување на корупцијата во државава под мотото „Со ум во антикорупциски бум“.

Како што најави претседателтката на Државната комисија за спречување на корупцијата, Билјана Ивановска, во следните два месеци во соработка со повеќе институции, но и заедно со медиумите, ќе се обидат да изработат мерки кои ќе треба да се спроведат за да се намали корупцијата.

Тие ќе бидат дел од петгодишната национална стратегија, вели Ивановска, која треба да помогне да се ослободи нашето општество од цврската мрежа на корупцијата.

За таа цел, денеска се одржува работилница за Национална стратегија за спречување на корупцијата и судирот на интереси, каде учествуваат вицепремиерот Бујар Османи, претседателот на Собранието Талат Џафери, министерот задолжен за комуникации, отчетност и транспарентност Роберт Поповски и претседателот на Државната комисија за спречување на корупцијата Билјана Ивановска.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e