Димовски од ССМ: Поддршката од ССМ за СОНК заврши вчера по излагањето на Неделков

Претседателот на Сојузот на синдикатите на Македонија Дарко Димовски во денешното негово гостување во Утрински брифинг рече дека поддршката на ССМ за СОНК завршила.

Тој се осврна на генералниот штрајк на СОНК во образованието и за преговорите со Владата кои ги води Јаким Неделков и раководството на СОНК при КСС за повисоки плати на просветните работници и персоналот во детските градинки.

„Ние на СОНК му дадовме безрезервна поддршка, но тоа се беше до вчера. Вчера воопшто не ми се допадна излагањето на претседателот на СОНК Јаким Неделков, затоа што сметам дека мораше да ја говори вистината до крај и кога ќе ги поведе луѓето на штрајк, говорам за просветните работници, требаше да им каже што ќе се случи доколку штрајкуваат и кои се правилата на игра за време на штрајк. СОНК на чело со Јаким Неделков штрајкот го организира по основ на зголемувањето на минималната плата т.е нејзино усогласување. Ако СОНК штрајкува по Закон и ако му се прекршени правата по Закон, тоа не е така. Законот вели – шест месеци има време, согласно членот од Законот за минимална плата, Владата и работодавачот да ја усогласат минималната плата или скалесто да се зголеми. Ние сме се согласиле така по Колективните договори. Потребата да се случи промената ден побрзо, сега и веднаш е неопходно и за тоа ние му дадовме поддршка“, вели Димовски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e