Димковски од Струмица: Обезбедивме 6 милиони евра за изградба на откупен диструбитивен центар на површина од 6.000 квадрати

Со вложување во откупно дистрибутивни центри, како и со сите други мерки што ги преземаме, правиме се за да го поттикнеме земјоделството и да обезбедиме повеќе пари кај земјоделците, порача членот на ЦО и министер за земјоделство, шумарство и водостопанство Трајан Димковски на граѓанската трибина во Струмица.

Преку Светска банка обезбедивме 6 милиони евра за изградба на откупен диструбитивен центар на површина од 6.000 квадрати, овде во Струмица. Тоа не значи само нов центар, туку и воведување на нови технологии и нови знаења. Тоа ќе значи зголемување на земјоделското производство и решавање на проблемот со откупот, но тоа значи и отворање на нови пазари, зголемување на извозот и повеќе пари кај граѓаните, порача Димковски.

Тој истакна дека со зголемување на субвенциите, мерките за директна помошна младите земјоделци, зелената нафта, позитивно се влијае на развој и унапредување на земјоделството кое е една од најзначајните гранки во Струмица но и во целата држава.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e