Димитров – Зениер: Северна Македонија има капацитет за носење со домашната реформска агендa

Северна Македонија покажа дека има капацитет да извезува стабилност но и добри вести во регионални и европски рамки– преку силната политичка посветеност, лидерство и храброст – за надминување на отворените прашања со соседите, но и за смело носење со домашната реформска агенда, порача министерот за надворешни работи Никола Димитров на средбата со Високиот комесар за национални малцинства на ОБСЕ Ламберто Заниер, во рамките на меѓународна конференција на тема: „Едно општество за сите и интеркултурализам“.

На средбата, како што соопштија од МНР, биле разменети мислења за активностите околу подготовката и идната примена на Стратегијата за едно општество и интеркултурализам, која е резултат на концептот зад кој застана Владата, поддржан од сите домашни засегнати страни – државните институции но и граѓанскиот сектор, академската заедница, и меѓународните партнери – ОБСЕ, Европската Унија и Советот на Европа.

Димитров го поздравил ангажманот на Високиот комесар за национални малцинства на ОБСЕ и истовремено се заблагодарил на неговата поддршка на Стратегијата за интегрирано образование, како една од најсуштествените елементи и предизици на патот на овозможување на едно општество за сите.

Заниер, според МНР, ја реафирмирал поддршката за процесот како и спремноста и понатаму да ја помогне имплементацијата на Стратегијата, особено во контекст на неговиот посебен интерес за интегрираното образование, а во насока на создавање интегрирано и функционално општество што треба да претставува долгорочна цел на сите политички актери во земјата

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e