Димитров – Петровиќ: Заедничката визија за европски Западен Балкан реафирмирана преку блиската соработка со Црна Гора

Размена на мислења и актуелности во контекст на евроинтеграцискиот процес како на Северна Македонија, така и на Црна Гора, беа тема на денешната средба на вицепремиерот задолжен за европски прашања Никола Димитров со црногорската амбасадорка Марија Петровиќ, при што беше потврдена одличната соработка меѓу двете земји во контекст на тој процес.

– Искуствата на Црна Гора во водењето на пристапните преговори кои што беа презентирани пред Секретаријатот за европски прашања и Министерството за надворешни работи, ја потврдуваат нашата блиска соработка во постигнувањето на заедничката визија за нашите земји, но и за целиот Западен Балкан“, истакна вицепремиерот Димитров.

Како што соопшти СЕП, соговорниците разговараа и за можноста за ревитализирање на соработката во рамките на Мешовитиот комитет според Спогодбата за соработка во областа на интеграцијата во ЕУ, согласувајќи се дека состанокот би бил особено значаен периодов, во светло на новата методологија и начинот на спроведување на европските реформи во тој контекст.

– Тие изразија очекување дека позитивниот тренд во билатералната соработка ќе придонесе кон стабилноста на регионот и градењето на заедничката европска иднина, се додава во соопштението на Секоторот за европски прашања.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e