„Детектор“: Близу 80% од граѓаните сметаат дека причина за иселувањето е подобра работа и плата

Повеќе од половина од младите размислуваат да се иселат од државава, покажува последното истражување на јавното мислење кое за „Детектор“ го изработи Институтот за политички истражувања.

Според него, близу 33% од граѓаните размислуваат за иселување. Дури 52% од младите кои имаат помалку од 29 години рекле дека кројат планови да ја напуштат државата.

Анкетата покажува дека за помалку од 6 месеци, бројот на граѓани кои размислуваат за иселување се зголемил за близу 4 процентни поени. Главна причина поради која Македонците размислуваат да ја напуштат државата е потрагата по подобар животен стандард.

Близу 80% од граѓаните велат дека причина за иселувањето е подобра работа и плата. 60% од анкетираните граѓани велат дека имаат некој близок кој се иселил во странство.

Меѓу студентите кои ги одговарале прашањата, дури 80% изјавиле дека имаат близок кој ја напуштил државата.

Анкетата по нарачка на „Детектор“ телефонски ја спроведе Институтот за политички истражувања Скопје врз репрезентативен примерок од 1101 испитаници во периодот од 25 до 29 октомври годинава со маргина на грешка од плус – минус 3%.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e