Дете се бори за живот по сообраќајката на Средно Водно

Вчера околу 16.00 часот на локалниот пат за Средно Водно се случила сообраќајна незгода помеѓу мотоцикл „Јамаха“ со скопски регистарски ознаки, управуван од Ф.Р.К. (18) од Скопје и велосипед „Рог“ управуван шеснаесетгодишник од Скопје.

Во незгодата со тешки телесни повреди(скршеница на рака, нога и повреди на глава) се здобил велосипедистот кој бил пренесен и задржан на лекување на клиниката КАРИЛ при Ургентен центар Скопје и се наоѓа во животна опасност, додека Ф.Р.К. се здобил со телесни повреди.

Увид на местото на настанот  извршила екипа од СВР Скопје, при што од учесниците е земена крв и урина за анализа, а мотоциклот е пренесен за вонреден технички преглед.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e