Дескоска: Судските постапки не се во надлежност на министерството, ниту пак може да им кажеме како судиите да судат

Кога се фрлаше боја, судството работеше под диктат. Сега судиите не може да кажат дека добиле наредба од мене или некој друг. Нашата обврска е да создадеме законски основи за непристрасно судство, ефикасно јавно обвинителство, бесплатна правна помош и мислам дека освен Законот за јавно обвинителство, сите други ги донесовме успешно, вели министерката за правда Рената Дескоска во емисијата „Само интервју“ на Канал 5.

„Судските пстапки ниту се во надлежност на министерството, ниту пак можеме да им кажеме што и како да пресудат. Протестот беше насочен за начинот на распределување на додатоците, јас чувствував обврска да кажам дека во текот на овој мандат беше направено многу, им се исплатија додатоци кои не им беа исплатени уште пред да дојде оваа влада на власт. Тие теми се непримерни сега да се отвараат затоа што навистина се направени исчекори во финансирањето. Ги гледаме реакциите и за тоа дали правдата е бавна или не, дали има заштитени луѓе или не, за тие постапки треба да реагираат и да објаснат“, рече Дескоска.

Министерката додаде дека судиите вршат јавна функција исто како и министрите, па затоа треба да се транспарентни.

„Судиите и обвинителите почнаа да дебатираат за одредени прашања и мислам дека треба тоа да се дебатира на стручно ниво“, истакна Дескоска.

Таа не сакаше дирекно да ја коментира СМС пораката која обвинителакта Русковска ја испрати до судиите во Апелација, бидејќи како што рече, тоа не и го дозволува функцијата.

„Мене за жал функцијата не ми дозволува да ги коментирам одлуките на судиите и обвинителите, како и нивните коментари, но треба да имаат дијалог за спроведување на правдата. Она што е отворено како сомневање во надлежност на Јавното обвинителство е да се испита и процесира, нема потреба ние тоа како Министерство за правда да го коментираме. Ако има сомневања за криминал и корупција, мора да се процесира, нагласи министерката Рената Дескоска.

Таа додаде дека има постапки против судии, но и има судии кои се суспендирани.

„Во поединци верувам, во поединци не. Има различни комбинации како се бирани членовите на Судскиот совет, но има и луѓе кои се пречка за постапување во постапки. Целта и начинот на кој е формиран Судскиот совет е дека не може мнозинството во Собрание да влијае врз Судскиот совет“, рече Дескоска.

 

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e