Дескоска му подари „златна метла“ на Здравев

Министерката за правда Рената Дескоска на претседателот на Судскиот совет, Киро Здравев му подари „златна метла“, која претходно на Министерството му ја подарија граѓански организации. Дескоска рече дека метлата не е многу амортизирана. Потоа Здравев му ја подари на претседателот на Основниот суд Скопје 1, Иван Џолев.

Министерката за правда Рената Дескоска, претседателот на Основниот кривичен суд во Скопје, Иван Џолев, државниот обвинител, Љубомир Јовески, шефицата на обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, Вилма Русковска, претседателот на Судскиот совет, Киро Здравев, се дел од функционерите во правосудството кои денеска се собраа кај кантата гаража „26 Јули” во центарот на Скопје во рамки на акцијата за чистење со „Не биди ѓубре”.

Акцијата ја организира Владата заедно со граѓанската иницијатива а целта е да се подигне свеста за чиста околина.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e