Дескоска го покани Груевски да дојде во нејзиниот кабинет

Министерката за правда Рената Дескоска реагираше на Фејсбук статусот на експремиерот и бегалец Никола Груевски и го покани да дојде во нејзиниот кабинет за да поразговараат за прашањата за кои реагира.

„Денеска г. Груевски ме почестил со своја реакција на моја изјава на дебатна емисија на ТВ21. Како одговор на неговата реакција сакам да потсетам дека во текот на дебатата за прашањата за кои реагира не кажав ништо ново што не можеше во минатиов период да се прочита во печатените и електронските медиуми. Сепак, вратата на мојот кабинет е отворена за г. Груевски, за да поразговараме за прашањата на кои реагира. Го поканувам да дојде…“, напиша Дескоска.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e